Top Sport

САД опен: Рубљев во драма подобар од Цицпас, Мугуруза „излета“

Тениските фанови на „Луј Армстронг“ стадионот во Њујорк имаа шанса да видат фантастичен меч помеѓу двајца тенисери кои треба да се „следната генерација“ во тенисот, откако Русинот Андреј Рубљев успеа да го совлада Стефанос Циципас со 6:4/6:7(5)/7:6(7)/7:5 по неполни четири часа игра.

Рубљев имаше дури 25 победнички топки во третиот сет, но мораше да спасува сет-поен, но од четвртиот сет, грчкиот тенисер имаше проблеми со грчевите и го загуби мечот со болки.

„Беше тешко да се игра бидејќи беше многу жешко, но мечот беше фантастичен. Знам како е да имаш проблеми со грчевите, а тука играме во пет сета“, вели 21-годишниот Рубљев, кој во 2017 изненади во Њујорк со пласманот во четврт-финалето.

Уште еден млад тенисер е во второто коло – Австралиецот Алексеј Попирин, кој со 6:1/7:5/7:6(5) победа над Федерико Делбонис дебитираше на САД опен и сега ќе игра со Михаил Кукушкин, кој го изненади 10. носител, Роберто Баутиста Агут со 3:6/6:1/6:4/3:6/6:3. Носителот број 24., Матео Беретини го совлада Ришар Гаске со 6:4/6:3/2:6/6:2 за прва победа на Флешинг Медоуз.

Кај дамите, поранешната светска тенисерка број 1, Шпанката Гарбиње Мугуруза загуби уште во првото коло со 2:6/6:1/6:3 од Американката Елисон Риски. Со ова таа ја продолжи лошата серија на резултати во 2019, откако и на Вимблдон загуби во првото коло од Бразилката Беатриз Хадад Маја.

Првата носителка и актуелна шампионка, Наоми Осака, исто така се мачеше во три сета, но на крајот стигна до 6:4/6:7(5)/6:2 победа над Ана Блинкова.

Шестата носителка, Петра Квитова имаше поедноставна задача, совладувајќи ја чешката сонародничка Дениса Алертова со 6:2/6:4, додека поранешната шампионка од Ролан Гарос, Јелена Остапенко со 6:3/7:6(7) ја победи Србинката Александра Круниќ.

САД ОПЕН, 1.КОЛО

МАЖИ

Беретини – Гаске 6:4/6:3/2:6/6:2

Кукушкин – Баутиста Агут 3:6/6:1/6:4/3:6/6:3

Попирин – Делбонис 6:1/7:5/7:6(5)

Сонего – Гранолјерс 6:3/6:4/6:4

Рубљев – Циципас 6:4/6:7(5)/7:6(7)/7:5

Бублик – Хиралдо 2:6/6:0/7:5/3:6/6:4

Чилиќ – Клижан 6:3/6:2/7:6(6)

Вердаско  – Камке 6:3/3:6/6:1/6:2

Томпсон – Соуса 6:3/6:2/6:4

ЖЕНИ

Риски – Мугуруза 2:6/6:1/6:3

Осака – Блинкова 6:4/6:7(5)/6:2

Линет – Шарма 6:3/6:4

Бертенс – Бадоза 6:4/6:2

Андреску – Волинец 6:2/6:4

Scroll to Top