Тинејџерската сензација Коко Гоф избори пласман во второто коло на последниот гренд-слен во сезоната, Ју-Ес опен. Миленичката на домашната публика, која на Вимблдон играше во четвртото коло, ја победи три години постарата Русинка Анастасија Потапова.
Гоф која се наоѓа на 140 место на ВТА листата на турнирто влезе со специјална покана од организаторот.
Таа и Потапова одиграа спектакуларен меч, кој по два и пол часа борба и пропадна на помладата Гоф 3/6, 6/2, 6/4.
Изненадувањето на денот во женска конкуренција го направи Ана Калинскаја која успеа да ја победи шампионската на Ју-Ес опен од 2017 година Слоан Стивенс. Русинката мечот го доби лесно, во два сета со 6/3, 6/4.