Top Sport

Манчини го врати Ел Шарави, но „дисциплински“ ги исфрли Кин и Заниоло

Роберто Манчини го објави конечниот список на италијанската репрезентација за дуелите со Финска и Ерменија, повикувајќи ги Лука Пелегрини и Стефан Ел Шарави, но исклучувајќи ги од составот Кристијано Бираги, Моисе Кин и Николо Заниоло.

Пелегрини е „награден“ по одличните неколку месеци како позајмен фудбалер на Каљари, што му обезбеди постојан трансфер во Јувентус, а Ел Шарави се враќа иако игра во кинескиот клуб Шангај Шенхуа.

Ако исклучувањето на Бираги е зачудувачко, посебно бидејќи тој се врати во Интер, Кин и Заниоло се „дисциплински“ исклучени од тимот. Двајцата се вратени во У-21 репрезентацијата, откако задоцнија на тренинзите пред мечот со Белгија.

„Аѕурите“ играат со Ерменија на 5 септември и Финска три дена подоцна.

ГОЛМАНИ: Џанлуиџи Донарума (Милан), Пјерлуиџи Голини (Аталанта), Алекс Мерет (Наполи), Салваторе Сиригу (Торино)

ДЕФАНЗИВЦИ: Леонардо Бонучи (Јувентус), Џорџо Кјелини (Јувентус), Матија де Шиљо (Јувентус), Емерсон Палмиери (Челси), Алесандро Флоренци (Рома), Армандо Ицо (Торино), Џанлука Манчини (Рома), Лука Пелегрини (Каљари), Алесио Ромањоли (Милан)

СРЕДЕН РЕД: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Жоргињо (Челси), Лоренцо Пелегрини (Рома), Стефано Сенси (Интер), Марко Верати (ПСЖ)

НАПАД: Андреа Белоти (Торино), Федерико Бернардески (Јувентус), Федерико Киеза (Фиорентина), Стефан Ел Шарави (Шангај Шенхуа), Чиро Имобиле (Лацио), Лоренцо Инсиње (Наполи), Кевин Лазања (Удинезе)

Scroll to Top