Top Sport

Валверде: Веќе ми е преку глава со прашањата за Нејмар

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде вели дека веќе му се смачило да одговара за прашањата за можното враќање на Нејмар во Барселона пред понеделничкиот крај на преодниот рок, и исто така очекува Иван Ракитиќ да не замине во Пари Сен-Жермен.

Последните вести од Шпанија тврдеа дека Барселона се откажале од можноста да го добијат Нејмар овој преоден рок, бидејќи ПСЖ не се подготвени да ја намалат цената за фудбалерот за кого дадоа рекордни 222 милиони евра пред две години. Валверде очекува Ракитиќ и Усман Дембеле да останат на „Ноу Камп“ и покрај шпекулациите дека Барса ги нудат како замена за Нејмар.

„Навистина едвај го чекам денот во кој ќе можеме да се одмориме и да знаеме точно каде сме, бидејќи ова трае предолго. Околу Нејмар, немам што да кажам. Тој е фудбалер на друг тим и ќе видиме што ќе се случи. Ракитиќ е голем фудбалер кој даде многу тука и не знам зошто не би сметал на него“, вели Валверде.

Scroll to Top