Еден од фаворитите за висок пласман на Светското првенство во кошарка, репрезентацијата на Србија со убедлива победа го започна шампионатот. Србите ја декласираа Ангола со 105:59.
Србите и без Немања Бјелица демонстрираа сила на стартот и ја забележаа осмата победа во исто толку натпревари со Ангола.
До победата ги предводеше Богдан Богдановиќ со 24 поени, а двоцифрени беа уште Никола Јокиќ со 14 поени, 5 скока и 6 асистенции, односно Бобан Марјановиќ со 12 поени и 10 скока.
Србија наредниот меч ќе го игра на 2 септември против Филипините.
foto/fiba.com