Спектакуларен меч одиграа Порторико и Иран во Ц-групата на Светското првенство во Кина. Порториканците се вратија по негативата од 19 поени и со поени на Мохика во последната секунда славеа 83:81.
Иранците водеа од почетокот на мечот, имаа 19 поени предност во првиот дел, а на полувреме имаа плус од 18 поени во однос на Порториканците.
Во последните период Иранците влегоа со разлика од 14 поени, на неполни четири минути до крајот разликата беше 11 поени за Иран. Тогаш Порториканците влегоа во серија предводени од Уертас, кој врза две тројки во последните 26 секунди за 78:81. Иранците израмнија со тројката на Хадади на 81:81.
https://twitter.com/SportTi43915378/status/1167746645699760129
https://twitter.com/SportTi43915378/status/1167747147376320521
Последните 4,4 секунди за напад им останаа на Порториканците, а во последната секунда Мохика од тешка позиција успеа да погоди за конечни 81:83.
https://twitter.com/SportTi43915378/status/1167748854235717632
Уертас ги предводеше Порториканците со 32 поени (5/7 тројки), покрај него двоцифрен уште беше Браун со 10 коша. Херојот Мохика реализира осум поени. Хадади со 22 поени и 11 скока беше најдобар кај Иран.
Во А-групата Полска стигна до првиот триумф на првенството. Полјаците славеа во дуелот со Венецуела 73:57, додека во Б-групата Русија славеше над Нигерија 82:77.