Top Sport

Стоилов: Чест ми е што сум дел од оваа екипа „лудаци“ (видео)

Капитенот на македонскиот и на европскиот ракометен шампион – Вардар, Стојанче Стоилов имаше интервју за СЕХА-лигата пред почетокот на новата сезона.

Стоилов потврдува дека и во новата сезона Вардар ќе биде на висината на задачата затоа што го има тимскиот дух.

„Јас цел живот сум навивал за Вардар. Тоа е мојот клуб. И за мене и за моето семејство овој клуб значи многу. Јас сум локален дечко и затоа капитенската лента е особена чест за мене. Што да кажам за момците -,Лудаци’. Чест ми е што сум дел од оваа екипа и што сум нивен капитен. Нас нè краси една одлична атмосфера во соблекувалната, а сè останува таму и тоа е едно од нашите најсилни оружја“ – вели капитенот на Вардар за СЕХА.

Тој, меѓудругото, раскажува и како му паѓаат разделбите со играчите кои веќе не се во „црвено-црните“ бои.

„Лоша работа во спортот се разделбите. Многу од колегите ги запознаваш, се зближуваш со нив, но потоа може да ги снема и да не ги видиш. Не може со сите да си близок, но со Карачиќ, Циндриќ, Марковиќ, Терзиќ, Абутовиќ, Марсениќ… тоа се играчи со кои сум бил поблизок“ – рече Стоилов.

Scroll to Top