Top Sport

Ал-Хелаифи и Катарците биле понижени: Нејмар може да си оди, но за 300 милиони евра

Откако цело лето се изнаслушавме шпекулации за понуди и опции од Реал Мадрид и Барселона за враќањето на Нејмар во шпанската Ла лига, сè поизвесно е дека тој ќе игра (барем) уште една сезона на „Паркот на принцовите“, најмногу поради (пре)високите барања на управата на ПСЖ предводена од претседателот Насер Ал-Хелаифи.

Шпанска „Марка“ тври дека Нејмар „направил сè што можел“ да ги примора ПСЖ на трансфер, додека францускиот весник „Ле паризиен“ направи интересна хронологија на случувањата ова лето. „Акционерите од Катар се чувствуваа понижени“ кога Нејмар побарал трансфер на почетокот на јуни и решија да го остварат тоа само ако се остварата барањата.

„Може да замине, но само ако понудата е 300 милиони евра“, наводно изјавил претседателот Ал-Хелаифи.

Според „Ле Паризиен“, шпанските клубови пристигнале во Париз „со празни раце“ – со понуди за трансфер на фудбалери и малку пари. ПСЖ исто така се обидувал да го „минира“ договорот со постојано пуштање на информации од преговорите.

„ПСЖ долго време знаеја дека во Барселона немаат доволно пари. Цената која ја поставија беше недофатлива за Барселона. Тоа е приказна за трансфер кој не можеше да се оствари“, коментира весникот.

Scroll to Top