Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, по лошата сезона не сакал да го напушти клубот, истакнал директорот на Милан, Звонимир Бобан. Медиумите шпекулираа дека Модриќ во летниот преоден рок би можел да се пресели во редовите на Милан. На крајот негова била одлуката да остане во Мадрид.
„Лука е голем навивач на Милан, од дете навива за овој клуб. Поради тоа постоеше желба да ни се приклучи. Сепак конкретни преговори никогаш немало бидејќи и покрај лошата сезона тој не сакаше да го напушти Реал“, рекол Бобан.
Бобан сепак успеа да донесе еден свој сонародник на „Сан Сиро“, тоа е Анте Ребиќ кој во понеделникот пристигна од Ајнтрахт Франкфурт.