На Светското кошаркарско првенство во Кина, во рамки на групата Д денеска беше одигран дерби мечот меѓу Италија и Србија. Србите славеа нова победа овојпат со 15 поени разлика, 92-77 и како првопласирани ја завршија групата.
Италијаните во првиот дел во поголемиот дел беа во негатива, на полувреме губеа со -8, 50-42.
Во третиот период Италијанците ги консолидираа редовите, успеаја да се доближат на -2, но Србија во продолжение ја врата препознатливата игра и повторно се одлепи. Крајот го приведе рутинирано откако победата воопшто не беше доведена во прашање.
Најефикасен во победничката екипа беше Богдановиќ со 31 поен, го следеше Јокиќ со 15, Јовиќ реализираше 12, а Радуљица стрелаша прецизно 13-пати, и тоа од линијата за слободни фрлања.
Кај селекцијата на Италија Галинари постигна 26 поени, го следеше Белинели со 13. Со ист ефект мечот го заврши и Хакет.
https://youtube.com/watch?v=-jZBMdZyTPI