Top Sport

Сари се врати на работното место

Маурицио Сари се врати на работа, тој повторно ги води тренинзите на фудбалерите на Јувентус. Искусниот тренер повеќе од еден месец беше на боледување поради воспаление на белите дробови.

ПР-службата на Јувентус преку соопштение на јавноста и објасни дека Сари извесен период само делумно ќе ги води тренинзите, бидејќи се уште закрепнува од болеста.

Додека беше болен, Сари преку видео линк ги следел тренинзите и натпреварите и бил во константна комуникација со својот помошник Џовани Мартушело.

Се очекува тој на клупата на „старата дама“ да се врати по репрезентативната пауза.

Поради болеста Сари не го водеше својот тим во првите две средби, во Серија А, против Парма и Наполи.

Scroll to Top