Top Sport

Милс и Бејнс ја „скршија“ Литванија

Репрезентацијата на Австралија со три победи го освои првото место во Х-групата на Светското првенство во кошарка кое се одржува во Кина. „Кенгурите“ во последниот меч од оваа група ја победија Литванија 87:82.

Австралијците во директниот дуел со Литванија покажаа дека со право се надеваат на медал од овој Мундијал.

Одиграа „кенгурите“ сигурно првото полувреме, во кое погодија девет тројки и доминираа во скокот, што им донесе предност од осум поени.

Литванците се вратија во мечот во третиот период со серија 16:1, во решавачката четвртина на нешто помалку од четири минути до крајот имаа и предност 71:68 меѓутоа Австралијците се вратија и го добија мечот.

Пресуди бекот на Сан Антонио Спарс, Пети Милс, кој постигна седум од последните 11 поени на својата репрезентација.

Милс со 23 поени ја предводеше Австралија, каде брилијантен меч одигра центарот Ерон Бејнс (21 поен, 13 скока). Кај Литванците се истакнаа Григонис со 19 и Лекавичиус со 15 поени.

Scroll to Top