Пари Сен Жермен не ги извисиле само Барселона со трансферот на Нејмар, исто поминале и Јувентус, тврди британскиот сервис Би-би-си.
Според овој извор Јувентус за Бразилецот понудиле 100 милиони евра во пари и Паоло Дибала чија вредност на пазарот се проценува на 85 милиони евра.
Челниците на ПСЖ биле задоволни што во пакетот Јувентус го нудат Дибала, но не биле задоволни од кешот, сметале дека тоа се премалку пари.
Математиката на челниците на ПСЖ во „случајот Нејмар“ била јасна, да се заработа најмалку 222 милиони евра, колку што клубот во 2017 година и плати на Барселона.