Top Sport

СП Кина: Австралија остана непоразена, Чешка го шокираше Бразил

Австралија остана непоразена на Светското првенство во Кина, откако предводена од Пети Милс со 19 поени и 9 асистенции и од Крис Гулдинг со 15 поени ја победија Доминиканската Република со 82:76 за четврта победа во низа.

Австралијците водеа од почеток, но Варгас и Виз ги држеа Доминикана во игра и тие заостануваа само 24:19 по првата четвртина. Крис Гулдинг со пет поени во низа направи предност за Австралијците, но Хелвис Солано повторно ги донесе аутсајдерите до 35:31 на полувреме. Во третата четвртина дојде и до израмнување (46:46), но на крајот Австралија сигурно го комплетираше мечот. Елој Варгас беше најефикасен за Доминиканската Република, која сега ги загуби шансите за пласман во четврт-финалето.

Чесите пак, со „атомска“ кошарка успеаја да ги „растурат“ Бразилците со 93:71, предводени од Томаш Саторански со 20 поени за да ги заддржат шансите за четврт-финале во тешката група со САД и Грција.

ГРУПА Л

Австралија – Доминиканска Република 82:76 (24:19, 16:19, 17:14, 25:24)

Франција – Литванија 14.00 ч.

Табела: 1.Австралија 8, 2.Франција 6, 3.Доминиканска Република 6, 4.Литванија 5

ГРУПА К

Бразил – Чешка Република 71:93 (16:20, 16:25, 14:20, 25:28)

Грција – САД 14.30 ч.

Табела: 1.Чешка Р. 7, 2.Бразил 7, 3.САД 6, 4.Грција 5

Scroll to Top