Синиша Михајловиќ нема да биде на клупата на Болоња за дуелот со Бреша следниот викенд, бидејќи ќе ја започне втората рунда на хемотерапија за леукемијата, потврдија од италијанскиот клуб.
Српскиот тренер во текот на летото доби дијагноза на агресивна леукемија, а откако првите тренинг-сесии ги следеше преку видео, тој доби посебна дозвола да биде на клупата за првите два меча од Серија А против Верона и СПАЛ.
Михајловиќ ќе остане во болницата „Сант’Орсола“ во Болоња, каде што ќе добие хемотерапија во контролирана околина, откако неколку недели помина дома со својата сопруга и со децата.