Шарл Леклер повторно е покажа како најголемата надеж на Ферари, откако возачот од Монако успеа да стигне до пол-позицијата на домашното Италијанско ГП во Монца, и утре ќе стартува пред светскиот шампион Луис Хамилтон, додека во вториот ред ќе бидат Валтери Ботас и Себастијан Фетел.
Леклер, кој минатиот викенд стигна до својата прва победа во Формула 1 на класичната трка во Спа, сега ќе биде главен фаворит да ја донесе првата победа на Ферари на својата патека од 2010 година, кога Фернандо Алонсо победи за „коњчето“.
„Да се вози пред толку многу луѓе е неверојатно.Пререќен сум од пол-позицијата, но малку ми е криво што на крајот имаше мешаница“, вели Леклер.
Тој го посочи финишот на сесијата, кога поради жолтото знаме, немаше класична трка за најдобро време. Сепак, Хамилтон вели дека е задоволен и со второто место.
„Искрено, мораме да бидеме благодарни што сме во првиот ред и што ќе се бориме со Ферари. Ни недостасуваше време“, вели Хамилтон.
Зад двајцата возачи на Ферари и Мерцедес ќе стартува Даниел Рикардо во Рено, по што следуваат Нико Хулкенберг, Карлос Саинс, Александер Албон, Ленс Строл и Кими Раиконен.