Иако самиот претседател на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу изјави дека неговиот клуб нема да тргне по Нејмар во јануарскиот преоден рок, Жерард Пике објаснува дека сагата не е завршена изјавувајќи „никогаш не знаеш“ кога беше запрашан за Бразилецот.
По цело лето шпекулации се веруваше дека Барселона е блиску до потписот на 27-годишниот Нејмар, меѓутоа на крајот тој останува во Пари Сен-Жермен, кои поставија неприфатливи услови за негов трансфер. Пике вели дека многу работи може да се случат во една година.
„Имаше многу драма, што е нормално поради тоа за кого се работи, но сега одиме понатаму. Зборував со него и му посакав среќа оваа сезона и никогаш не знаете, секогаш има некоја шанса така што ќе видиме“, вели Пике.