Конор Мекгрегор, спротивно на првичните најави, не беше во Абу Даби на УФЦ 242 за да ја следи победата на Хабиб Нурмагомедов над Дастин Поаире со која Русинот ја одбрани титулата во лесна категорија, но очигледно го следел мечот, откако се јави на социјалните мрежи со едноставна порака.
„Закажете ми ри-меч во Москва“, напиша Ирецот на Твитер.
Book my rematch for Moscow.
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) September 7, 2019
Нурмагомедов, барем засега, не е заинтересиран да му даде ри-меч на Мекгрегор откако нивниот претходен дуел беше одбележан со навредувања пред мечот, доминантна победа на Хабиб во октагонот и тепачка по мечот за која двајцата добија суспензија.
„Тој може да се врати и да има низа од девет-десет победи. Тогаш ќе зборуваме за меч. Можеби некои си мислат, дајте му милиони долари на Хабиб и тој ќе се бори со кого било. Не. Бори се со други, покажи дека си добар, па ќе видиме. Сакам дуели со вистински луѓе, како Поаире, Тони Фергусон, Жорж Сен-Пјер. Не сакам да влегувам во борба со човек кој никогаш не победува“, изјави Хабиб пред саботната победа.
УФЦ: Хабиб е едноставно цар на лесната категорија! Поаире изддржа три рунди (видео)