Top Sport

УФЦ: Хабиб е едноставно цар на лесната категорија! Поаире изддржа три рунди (видео)

Хабиб Нурмагомедов покажа дека е апсолутно доминантниот УФЦ борач во лесна категорија, откако во Абу Даби по три рунди го совлада Дастин Поаире за убав чек од 6 милиони долари.

Во првиот меч по контроверзната победа над Конор Мекгрегор во Лас Вегас минатата година, Хабиб доминираше од првата рунда, упатувајќи моќни удари со лактот на храбриот Американец, кому мора да му се признае барем волјата да се бори до крај.

Откако доминираше во првите две рунди, Поаире знаеше дека мора да тргне офанзивно во третата, фаќајќи го Дагестанецот за врат, но Хабиб го чекаше својот момент и успеа да ја сврти сутацијата за тој да го фати противникот и по 2:06 во рундата, Американецот се предаде. Со ова тој останува апсолутен шампион во лесна категорија и без вистински ривали.

Овојпат немаше фарса по крајот на мечот, откако Хабиб го гушна Поаире, и потоа во интервјуто го нарече „вистински воин“ и го пофали за добротворната работа која ја врши Американецот.

Scroll to Top