Англиските шампиони, Манчестер сити повторно ќе се обидат да го донесат Милан Шкринијар од Интер во јануари, и подготвени се дадат 60 милиони евра за ценетиот дефанзивец, јавува „Експрес“.
Ова не е првпат Пеп Гвардиола да се обиде да го купи словачкиот репрезентативец, но досега сите понуди Интер веднаш ги одбиваше. 24-годишниот централен бек дојде кај „нераѕурите“ во 2017 година од Сампдорија за 34 милиони евра, но неговата цена сега е удвоена.
Гвардиола бара итно решение во одбраната, откако прво Винсен Компани си замина на крајот на минатата сезона за да се врати во Андерлехт, а Ајмерик Лапорт беше на операција на коленото и ќе паузира најмалку неколку месеци.