Top Sport

Синовите на Матиќ го сретнаа идолот Роналдо (видео)

По 4:2 победата на Португалија над Србија, Немања Матиќ ги однесе своите синови на посета на најголемата фудбалска ѕвезда на денешницата, Кристијано Роналдо, кој им го направи денот на малите фанови со посебна фотографија со нив.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед не добива многу шанси да игра во тимот на Оле Гунар Солскјер, но затоа е редовен во српската репрезентација, која по поразот има многу малку шанси за пласман на Европското првенство во 2020.

Scroll to Top