Top Sport

Италијанците и Русите со утешителни победи

Италија дури по продолженијата успеа со 94:89 да го совлада Порторико во дуел кој не беше многу важен, бидејќи двете репрезентации веќе немаа шанса да се пласираат во четврт-финалето на Светското првенство во Кина, бидејќи од нивната група Шпанците и Србите се меѓу најдобрите осум пред попладневниот дуел (14.30 часот).

Русија пак, во меч кој немаше голема резултатска важност со 69:60 ја победи Венецуела. Аргентина и Полска веќе се во четврт-финалето од оваа група, така што се играше за престиж.

Русите имаа одличен почеток, поведувајќи со 13:2, пред Венецуелците да е вратат во игра и на полувреме да отидат со 27:27. Во второто полувреме, јужноамериканската репрезентација направи предност од 7 разлика, но до крајот на третата четвртина, Русите направија предност од 6 (48:42), која не ја пропуштија до крајот. Андреј Воронцевич со 17 и Никита Курбанов и Григориј Мотовилов со 12 поени беа најефикасни за Русите, додека Карера постигна 19 за Венецуела.

ГРУПА И

Венецуела – Русија 60:69 (10:13, 17:14, 15:21, 18:21)

Полска – Аргентина 14.00 ч.

Табела: 1.Аргентина 8, 2.Полска 8, 3.Русија 8, 4.Венецуела 7

ГРУПА Ј

Порторико – Италија 89:94 (24:13, 22:13, 18:24, 19:33, 6:11)

Србија – Шпанија 14.30 ч.

Табела: 1.Србија 8, 2.Шпанија 8, 3.Италија 8, 4.Порторико 7

Scroll to Top