Top Sport

Гризман: Сопругата е виновна што го утнав пеналот

Антоан Гризман вети дека ќе работи на шутирањето на пенали откако за промашениот пенал во квалификацискиот меч за Евро 2020 против Албанија на шега ја обвини неговата сопруга, Ерика Чоперена.

Франција стигна до убедлива 4:1 победа откако Кингсли Коман постигна два гола, а стрелаа и Оливие Жиру и Жонатан Иконе, додека Гризман не успеа да се запише во листата на стрелците во првото полувреме, откако ја погоди пречката.

„Не знам што се случи. Навистина не знам. Можеби е тоа бидејќи мојата сопруга не беше тука. Имав добра динамика, но се случува. Морам да поработам на тоа“, вели фудбалерот на Барселона.

Гризман ќе има шанса да се поправи на дуелот со Андора на „Стад де Франс“ во вторник.

Франција сигурна против Албанија, Турција се спасуваше од срам со Андора (видео)

Scroll to Top