Top Sport

Франција сигурна против Албанија, Турција се спасуваше од срам со Андора (видео)

Светските шампиони Франција и покрај одложениот старт на мечот со Албанија не ја загубија концентрацијата и стигнаа до 4:1 победа во меч од квалификациите од Светското првенство, додека Турција едвај стигна до 1:0 победа над аутсајдерот Андора во самиот финиш на мечот за да продолжи интересната битка за висок пласман во групата Х.

Мечот на „Стад де Франс“ имаше и незгодна увертира, откако домаќините „по грешка“ наместо химната на Албанија ја пуштија химната на Андора и фудбалерите одбиваа да го почнат мечот додека не се испеа нивната химна.

По ова, Французите бргу ја покажаа супериорноста. Кингсли Коман во 8. минута и Оливие Жиру во 27. Минута донесоа 2:0 водство, пред Антоан Гризман да пропушти шанса да го зголеми со утнат пенал во 37. минута. Коман во 68. минута го постигна и вториот гол, а Жонатан Иконе во 85. минута зголеми на 4:0, пред Сокол Цикалеши да го постигне утешниот гол од пенал во 90. минута.

Турција пак, 89 минути не успеа да го „скрши“ отпорот на Андора, пред дефанзивецот на Фенербахче, Озан Туфан да донесе три поени за својата репрезентација. Сега во групата Х, Франција, Турција и Исланд имаат по 12 поени.

ГРУПА Х

Франција – Албанија 4:1

Турција – Андора 1:0

Табела: 1.Франција 12, 2.Турција 12, 3.Исланд 12, 4.Албанија 3, 5.Молдавија 3, 6.Андора 0

Scroll to Top