Барселона се обидува да го убеди Лионел Меси да потпише „доживотен“ договор со каталонскиот клуб по неодамнешните информации дека Аргентинецот има клаузула во својот договор со која може да си замине на крајот на оваа сезона, јавува „Мудо депортиво“.
Претседателот на клубот, Жосеп Марија Бартомеу оваа недела потврди дека Меси може да замине од Каталонија на крајот на сезоната бидејќи во договорот има клаузула дека е слободен да побара прекин кога ќе наполни 32 години.
Сепак, во Барселона веруваат дека можат да го убедат Меси да остане во клубот и по крајот на 2021 година, кога ќе заврши неговиот договор со потпишување на договор без краен рок. Според „Мундо депортиво“, Бартомеу има одличен однос со таткото на Меси, Хорхе и двајцата се постојано во контакт и претседателот лично ги исполнува сите потребни барања на капитенот.
Ниту клубот, ниту Меси не се брзаат да се комплетира договорот, кој треба да биде повеќе симболичен гест кон него, бидејќи тој би ја заддржал дозволата да ја заврши кариерата кога ќе посака.