Top Sport

Просинечки веќе не е селектор на БиХ!

Славниот хрватски поранешен фудбалер, Роберт Просинечки си даде оставка од селекторската позиција на Босна и Херцеговина по тешкиот 4:2 пораз на гостувањето кај Ерменија. Падот на формата во квалификациите за Евро 2020 беше одлучувачки популарниот „Жути“ да реши да „крене раце“.

„Зборував со сите и да не оддолжувам. Кога дојдов тука, верував дека можеме да отидеме на Европско првенство. Не успеавме, така што мојата оставка е тука и давам шанса на некој друг. Наследникот ќе има доволно време да го потготви тимот за Лигата на нации. Јас веќе не сум селектор. Честитки за Ерменија, ние не бевме вистинските, тие повеќе ја сакаа победата“, вели Просинечки.

Мхитарјан и Ерменија ја „казнија“ Босна! (видео)

Scroll to Top