Колумбискиот фудбалер, Хамес Родригез се врати во Реал Мадрид по двегодишната позајмица во Берн Минхен.
Плановите на кралскиот клуб беа летово да го продаде фудбалерот, но понудите што стигнаа за неговите услуги од Наполи, односно Атлетико Мадрид не беа задоволувачки за клубот од „Бернебеу“, па тој остана во Мадрид и сезонава ќе му биде на располагање на тренерот Зинедин Зидан.
Колумбиецот поака оваа сезона да му биде најдобрата до сега.
„Беше интересно. Играв после долго време. Чувството е уникатно. Ќе продолжам да работам за да напредувам. Се надевам дека би можело ова да е моја сезона во Реал“ – изјави Родригез.
Во следното коло, „кралевите“ играат против Леванте каде успешно настапува нашиот репрезентативец, Енис Барди.