Top Sport

Ѓорѓевиќ: Мислев дека се поцрврсти, искусни, дека се лидери!

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ тешко го поднесе денешниот пораз од Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство во Кина.

„Боли, ова е тежок пораз. Менталниот притисок беше огромен. Еуфоријата во нашата земја, сите не бараа, одвај чекаа да не гледаат, пишуваа дека сме фаворити, дека ќе освоиме. Никогаш тоа не помогнало. Сега гледам на каков играч, како Немања Бјелица, влијаеше притисокот. Некогаш мислиме дека сме цврсти, искусни, лидери, но тогаш гледате дека што се им поминува низ глава“ – изјави Ѓорѓевиќ по завршувањето на мечот.

Тој анализираше каде бил главниот проблем за изненадувачкиот пораз на Србите.

„Клучот дефинитивно беше позицијата плејмејкер. Тие (Аргентинците) го контролираа ритамот, а ние имавме многу изгубени топки, најверојатно поради одличната одбрана на противниците. Не ми се допаднаа нашите одлуки и реакции. Тие се прилагодија на критериумот, ние не. Правевме грешки кои не смееме да ги правиме на вакви натпревари. Ние напорно работевме, а тогаш во последна секунда примаме кошеви в лице од Гарин, Кампацо и останатите. Мораме само да ја подигнеме главата. Горд сум на момците, ова е сјајна група луѓе. Благословен сум да им бидам тренер. Сепак, нешто недостасуваше во последните два меча“ – рече Ѓорѓевиќ.

Scroll to Top