Фернандо Љоренте е еден од ретките фудбалери кои во кариерата играле за Јувентус и Наполи, и сега новото засилување на „партонепеи“ вели дека Јувентус можеби е фаворит за титула, но дека тие се под притисок да ги исполнат очекувањата.
34-годишниот ветеран дојде во Наполи од Тотенхем, но претходно играше две сезони во Јувентус, во кои постигна 23 гола во Серија А. Тој двапати ја освои титулата од Серија А и сега знае дека за трет италијански трофеј треба да е „испоти“.
„Не е лесно. Кога бев во Севилја во 2015 ги победивме со 1:0, а јас постигнав гол. Сум ги победил и претходно, но едно нешто е да ги победиш во еден натпревар, а друго е во текот на сезоната. Како што кажав, ние сме сигурни во добра сезона. Постои желба да се освои трофеј, но притисокот е кај Јувентус, со таа силна клупа. Ние имаме група на млади талентирани фудбалери кои ќе се развиваат и имаме топ тим за иднината. Прекрасно е кога ќе добиеш повик од тренер како Карло Анчелоти, така што сум пресреќен што сум тука“, вели Љоренте.