Елиминацијата на Србија од СП во Кина најтешко му падна на Василие Мициќ, откако кошаркарот на Анадолу Ефес вчера ја загуби својата мајка, денеска играше за својата репрезентација при шокантниот пораз од Аргентина
Српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ изјави дека цела нација е зад Мициќ пофалувајќи ја неговата храброст.
„Им кажав на моите играчи дека сум благодарен што тој е тука. Покажа верба во сите нас и сите сме со него во моментов. Тоа е храброст. Се обиде да помогне. За жал, тне се случи како што посакуваме, но цела држава му е благодарна, сите од мојот тим му се благодарни“, изјави Ѓорѓевиќ.