Претседателот на фудбалскиот клуб Валенсија, Питер Лим, планирал да му врачи откази на тренерот Марселино и спортскиот директор Матео Алемани, тврдат шпанските медиуми.
Според овие извори од почетокот на сезоната Лим има големи несогласувања со тренерот и спортскиот директор, поради што разликите помеѓу нив станале „непремостливи“.
Матео Алемани е најзаслужниот за доаѓањето на Марселино во клубот од „Местаља“. Тој пристигна од локалниот ривал Вилјареал, во претходните две сезони избори пласман во Лигата на шампионите, минатат сезона го освои и Купот на Шпанија.
BREAKING – #Valencia reportedly decide to sack Coach Marcelino Garcia Toral following high-profile fallout with president Peter Lim https://t.co/nDmwoZ3qtm pic.twitter.com/JLeWoz6yF9
— footballespana (@footballespana_) September 11, 2019