Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Лирој Сане, закрепнува од операцијата на лигаментите во коленото, а клубот ги разгледува плановите како да го задржи на „Итихад“. Голем интерес за Сане покажува Баерн Минхен, а најавите од Минхен се дека ќе се обидат да го ангажираат наредното лето.
Германскиот репрезентативец, по операцијата што му била извршена пред три недели, вчера се вратил во Манчестер. Сане се рехабилитирал во клиника во Инсбрук, Австрија.
Од клубот не соопштија кога очекуваат Сане да се врати на фудбалските терени. Сигурно е само дека тој ќе го пропушти првиот дел од сезоната.
Баерн го чекале зимскиот преоден рок за да ги продолжат преговорите со Сане. Плановите на Баварците сакаат да им ги расипат од Сити тие подготвувале нов договор.
Прашање е само дали Сити ќе можат да го задржат Сане, бидејќи преговорите со Баерн, пред да му се случи повредата, биле во завршна фаза.