Top Sport

Се разделија Валенсија и Марселино

Прес-службата на фудбалскиот клуб Валенсија соопшти дека Марселино Гарсија Торал повеќе не е тренер на првиот тим. На неговото место клубот експресно го постави поранешниот фудбалер на Реал и Барселона и помошник селектор во шпанската репрезентација, во времето на Хулен Лопетеги, Алберт Селадес.

Марселино во двете сезони колку што ја водеше Валенсија два пати завршуваше во Топ 4 на табелата, а минатата сезона го освои и Купот на Шпанија.

Искусниот тренeр добил отказ откако претседателот Анил Мурти се вратил од Сингапур каде што имал состанок со сопственикот Питер Лим.

Наводно помеѓу Марселино и сопственикот постоело големо недоразбирање бидејќи Лим премногу почнал да се меша во спортскиот дел.

Scroll to Top