Дани Алвеш тврди дека имал можност да се врати во своите поранешни клубови Барселона и Јувентус ова лето, пред да го избере бразилскиот Сао Пауло како „совршен тим“ за него.
Алвеш беше слободен фудбалер откако му заврши договорот со Пари Сен-Жермен во јуни и тој реши да се врати во својата татковина потпишувајќи тригодишен договор со Сао Пауло. Но, можело да биде и поинаку.
„Имав шанса да се вратам во Јувентус. Исто така, можев да отидам и во Барселона ако го сакав тоа. Не го одлучив тоа одеднаш. Размислував: ’Што ќе ми даде овој клуб? Како овој клуб ќе ме направи подобар човек, подобар професионалец?’. Кога почна Копа Америка им кажав на сите дека не сакам да зборувам за трансфери, бидејќи сакав да се фокусирам на репрезентацијата“, вели 36-годишниот Алвеш, кој потоа со Бразил ја освои титулата од континенталното натпреварување.
Brazil fullback Dani Alves has admitted that he had an opportunity to return to Barcelona and Juventus before opting to join home outfit Sao Paulo as he deemed them a dream fit.https://t.co/ySK9WjICFC
— Soccerzela (@soccerzela) September 12, 2019