Top Sport

Путин го посети Хабиб во Дагестан и му честиташе за победата (видео)

Рускиот претседател Владимир Путин лично му честиташе на Хабиб Нурмагомедов за одбраната на титулата во лесна категорија на УФЦ 242 со победата над Американецот Дастин Поаире во Абу Даби минатиот викенд.

Путин, кој е во посета на руската република Дагестан, се сретна со Хабиб и со неговиот татко и тренер во Махачкала и му честиташе за „импресивната техника“.

„Сакам да ви честитам. Се работеше за одлична борба против силен и упорен ривал“, изјави Путин.

„Да, противникот беше силен и за почит. Овојпат се борев со личност која ме почитуваше“, му одговори Нурмагомедов по минатогодишниот дуел со Конор Мекгрегор кој заврши со убедлива победа, но и со општа тепачка во Лас Вегас.

„Па, зависи од личноста. Но, професионалните спортисти треба да се такви. Го гледав мечот, го победи на коректен начин, без да го закачиш неговото грло, но го држеше на двете страни на вратот како што треба. Беше фер“, додаде Путин.

Scroll to Top