Радамел Фалкао имаше совршено деби за Галатасарај, откако на „Турк телеком арената“ го постигна единствениот гол за 1:0 победа над Касимпаша во првиот меч од четвртото коло на Турската Суперлига.
Колумбиецот, кој ова лето дојде од Монако, и веќе на аеродромот беше пречекан од над 20 илјади навивачи на Галата, очигледно ќе стане миленик на навивачите на турскиот гигант ако продолжи вака.
Фалкао во 38. минута шутираше од работ на шестнаесетникот, и топката се одби од еден од дефанзивците на гостинскиот тим и заврши во мрежата. Ова е само втора победа во четирите кола за Галатасарај по лошиот старт на сезоната и тимот е на петтото место со седум освоени поени. Касимпаша се претпоследни со само еден освоен поен.