Top Sport

Ќерките на Михајловиќ: Синиша ни дава сила на сите

Ќерките на тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ велат дека нивниот татко е повеќе од „воин“ и дека тој им дава сила да ја изддржат неговата борба со леукемијата. На 50-годишниот поранешен српски фудбалер во јули му беше дијагностицирана леукемија и тој ја почна втората тура на хемотерапија и ќе отсуствува на неделниот меч на Болоња со Бреша.

Тој претходно доби посебна дозвола да излезе од болницата за првиот меч од сезоната против Верона и неговите ќерки Викторија и Виргинија дадоа детали за овој гест при гостувањето на ТВ-каналот „Канале 5“.

„Тој вети на клубот дека ќе биде и постојано им велеше на лекарите дека тоа мора да се случи и за среќа тие му дадоа дозвола. Им кажа дека ќе прифати дополнителна година во болница само за да биде на клупата на првиот меч. Веста за неговата болест ги смени нашите животи. Ние сме пет деца и многу блиско семејство, така што знаеме дека нашиот татко е воин и не дозволува ништо да не разочара. Парадокс е тоа што тој ни дава сила. Надминал толку во животот, има широки рамења“, изјави Викторија.

Михајловиќ добил рана дијагноза благодарение на постојаните проверки, бидејќи во неговото семејство има доста случаи на рак.

„Сакаме да се заблагодариме на сите бидејќи добивме огромна поддршка и љубов која ни помогна толку“, додава Викторија.

Scroll to Top