Шпекулациите дека Дејвид Бекам ќе направи сè да го донесе Лионел Меси во неговиот нов американски клуб Интер Мајами се зголемија, откако „Дејли мирор“ тврди дека договорил состанок помеѓу неговиот спортски директор Пол Мекдонох со таткото на Лионел Меси за да се преговара за можен трансфер.
Меси, кој уште се бори со повредите, е слободен да си замине од Барселона на крајот на сезоната, откако од клубот потврдија дека во неговиот договор има клаузула со која тој може да си замине кога ќе наполни 32 години.
Во Барселона се надеваат дека ќе го убедат Аргентинецот да остане во неговиот единствен професионален клуб во славнта кариера, а бидејќи неговата форма уште е фантастична, тешко е д се верува дека во Каталонија се подготвуваат за негово заминување.
Бекам, пак, по долги и напорни преговори успеа да го формира својот клуб во Мајами, и проектот секако би добил на сила ако успее да донесе име како Меси.
Messi’s father ‘meets representatives’ of David Beckham’s MLS club Inter Miami| https://t.co/ZWuw1DAOOQ pic.twitter.com/j9ZbryavXR
— Mirror Football (@MirrorFootball) September 14, 2019