Англискиот шампион Манчестер сити во саботата го претрпе првиот пораз во новата сезона, откако во зачудувачки меч со 3:2 загубија кај Норич, додека во исто време главните ривали Ливерпул ги победија Њукасл со 3:1 за да се одвојат на пет поени пред „граѓаните“, по што Пеп Гвардиола на шега изјави дека „црвените“ веќе се шампиони.
„Уште сме во септември, зарем ќе го правиме ова? Океј: честитики, Ливерпул, вие сте шампиони. Уште сме во септември! Ќе се вратиме, ќе одиме во Украина на меч од ЛШ и потоа ќе се вратиме. Секако, губиме со пет поени. Со Тотенхем беше штета, бидејќи игравме добро. Со Норич, во важните моменти го правевме тоа што требаше“, вели Гвардиола.
Сити се на второто место откако загубија поени при 2:2 ремито со Тотенхем во август, додека Ливерпул имаат пет победи во низа.