Аталанта ја забележа втората победа во три кола во Серија А, откако во меч со луда завршница триумфираше со 2:1 во Џенова во меч со два пенали со гол во 95. минута.
Клубот од Бергамо, кој се подготвува за првиот настап во Лигата на шампионите во вторник, дојде во водство во 64. минута со гол од пенал на Луис Муриел, но Џенова успеа да израмни во 91. минута исто така со удар од белата точка на Доменико Кришито.
Кога сите во Џенова, за која Горан Пандев влезе во 82. минута од мечот, се подготвуваа за поделба на поените на сцена стапи колумбискиот голгетер Дуван Запата, кој во 95. минута донесе победа за гостите.
Duvan ZAPATA! An incredible 94th minute winner to devastate #Genoa fans. #GenoaAtalanta #SerieATIM pic.twitter.com/0MZvR2INXm
— Stereo Serie A (@StereoSerieA) September 15, 2019