Арсенал и трет меч во низа во Премиер лигата не успева да стигне до победа, откако тимот на Унаи Емери пропушти водство од 2:0 за да одигра само 2:2 на гостувањето кај Ватфорд.
А, мечот, почна толку добро за „топчиите“. Пјер-Емерик Обамејанг во 21. минута и во 32. минута постигна два гола за да најави лесна задача за гостите, меѓутоа, работите не се одвиваа така.
Прво Том Клеверли во 52. минута успеа да намали на 2:1, пред во 81. минута, замената Рикардо Переира со гол од белата точка да израмни на 2:2.
Ова реми само ќе го зголеми притисокот на Емери, откако доаѓа по неубедливото реми (2:2) со Тотенхем и поразот од Ливерпул (3:1) по победите на првите два меча од сезоната. За Ватфорд пак, ова е прв поен оваа сезона, која ја започнаа со три порази.