Top Sport

Рубио МВП наградата ја одбележи со тага за неговата почината мајка (видео)

Рики Рубио ја предводеше Шпанија до втора светска титула во историјата по убедливата 95:70 победа над Аргентина, меч во кој постигна 20 поени и заслужено беше прогласен за МВП на финалето и на турнирот.

Сепак, тој на прес-конференцијата успеа да ги фати на „емоции“ сите, откако се потсети на својата мајка, која починала пред три години.

„Ја загубив мојата мајка пред три години. Таа беше зад мене секогаш и ме туркаше да го дадам мојот максимум. Знам дека нема никој што ме сакаше повеќе од неа на овој свет. Таа уште ме мотивира секој ден. Иако не е тука, го чувствувам тоа“, изјави Рубио.

Шпанија на врвот на светот! Не им дадоа да „дишат“ на Аргентинците

Scroll to Top