Top Sport

Душебаев во последните секунди донесе реми за Кјелце на гостувањето во Кил

Неделното дерби од првото коло од ЕХФ Лигата на шампионите донесе трилер-завршница во Германија, откако поранешниот вардарец Алекс Душебаев со гол во последната секунда им донесе 30:30 реми на Кјелце кај Кил во групата А, каде што се наоѓа и актуелниот шампион, Вардар.

Резултатот беше израмнет во текот на целиот меч, иако гостите имаа гол предност (14:15) на полувреме. Во финишот на мечот, Кил успеа да направи предност од два гола (30:28) на само минута пред крајот, но прво Владислав Кулеш, а потоа и Душебаев беа прецизни за голем бод за полскиот шампион.

Душебаев и Кулеш беа најефикасни за Кјелце со по пет постигнати голови, додека уште еден поранешен вардарец, Игор Карачиќ уфрли два гола. За Кил, Никола Билик постигна седум голови, а пет имаше Штефен Вајнхелд.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО

ГРУПА А

Целје – Флензбург 24:25 (12:13)

Елверум – Алборг 24:34 (12:18)

Табела: 1.Алборг 2, 2.ПСЖ 2, 3.Пик Сегед 2, 4.Флензбург 2, 5.Елверум 0, 6.Целје 0, 7.Барселона 0, 8.ППД Загреб 0

ГРУПА Б

Веспрем – Мотор Запорожје 40:28 (17:13)

Кил – Кјелце 30:30 (14:15)

Табела: 1.Веспрем 2, 2.Вардар 2, 2.Порто 2, 3.Кил 1, 5.Кјелце 1, 6.Мотор 0, 7.Монпелје 0, 8.Мешков Брест 0

Scroll to Top