Фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, нагласил дека на никого не би му било тешко да постигнува голови доколку ги поседува неговите квалитети
Поранешниот шведски репрезентативец постигн хет-трик во победата 7-2 што Галакси ја забележаа против Спортинг. Ибрахимовиќ е првиот играч во историјата на Галакси што стигнал до бројката од 25 гола во една сезоната, во моментов тој е на бројката од 26 гола.
„Лесно е да постигнувате голови само треба да бидете како Златан“, рекол 37 годишниот фудбалер.
„Се обидувам да му помогнам на тимот. Морам вака да продолжам. На овој меч сите завршија добра работа, на крајот бевме и уморни“.
Лос Анџелес Галакси во моментов се на петтото место во Западната конференција.
"Scoring goals is easy. You just have to be like Zlatan." – @Ibra_official ?#LAvSKC | @RippleFoods pic.twitter.com/4QyyQQ8Xkt
— LA Galaxy (@LAGalaxy) September 16, 2019