Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, против Борусија Дортмунд ќе ги забележи првите минути на теренот во новата сезона, јавија шпанските медиуми.
Аргентинецот, поради повреда, ги пропушти првите четири натпревари во домашното првенство.
Клубот вчера објави дека Меси го одработил првиот тренинг со соиграчите во новата сезона, а според медиумите бидејќи се уште не бил физички подготвен, во Дортмуд ќе добиел шанса во второто полувреме.
Барселона во вторник ќе гостува во Дортмунд во рамките на првото коло, во Лигата на шампионите.