Главниот истражител во тужбата што Атлетико ја поднесе против Барселона, а се однесува на трансферот на Антоан Гризман, предложил казна од која никој на „Ноу Камп“ нема да се загрижи.
Гризман, во мај соопшти дека ќе го напушти Атлетико. Трансферот во Барселона беше реализиран по 1 јули кога неговата откупна клаузула падна од 200 на 120 милиони евра. Атлетико сметаа дека се измамени, бидејќи како што тврдеа Гризман и Барселона постигнале договор во март, кога клаузулата изнесувала 200 милиони евра.
Сепак истражителот си ја завршил работата и предложил Барселона да бидат казнети парично со 300 евра и еден натпревар да одиграат без присуство на публика.
‼️‼️‼️ The judge of the 'Griezmann case' proposes a closed game at Camp Nou or 300 euros of fine according to @ElMundoDeportes.
LMAO ?? ?https://t.co/Y4t0Yqbar6— Sujoy Shyam Pritam (@sujoy_pritam) September 16, 2019