Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, рекол дека дуелот со Ливерпул во Лигата на шампионите ќе биде добар тест за неговиот тим и дека се надева на позитивен исход.
Дуелот помеѓу Наполи и Ливерул се игра вечерва од 21 часот. Овие два тима играа и лани во иста група, а дуелот во Неапол го реши Лоренцо Инсиње.
„Ова ќе биде добар тест. Започнуваме со натпреварите во група од која сакаме да одиме во осмина-финалето. Знаеме дека ќе биде тежок меч. Ливерпул се шампиони на Европа, тие се фаворити. Сепак ние ќе ја играме нашата игра, нема да отстапиме од нашиот стил. Добри сме во одбраната, имаме квалитетни напаѓачи, но мора тоа да го покажеме на теренот за да победиме. Се надеваме дека на крајот резултатот ќе биде ист како минатата година (1-0)“, рекол Анчелоти.
Во оваа група во истиот термин, во Австрија, ќе играат Салцбург и Генк.