Top Sport

Клоп: Сити се најдобри во светот, не чувстуваме никаков притисок

Менаџерот на европскиот првак Ливерпул, Јирген Клоп, рекол дека неговиот тим не чувствува никаков притисок пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите. Одбраната на титулата Ливерпул ќе ја започнат вечерва на „Сан Паоло“ во неапол, против екипата на Наполи.

„Не можеме ние да бидеме најдобриот тим во Европа, кога Манчестер сити се најдобри во светот. Тоа е иста планета“, низ шега рекол Германецот.

„Не чувствуваме притисок. Не мислам дека останатите ќе имаат посебен мотив кога ќе играат против нас. Сепак никогаш претходно не сум ја освоил Лигата на шампионите, така што не знам што можам да очекувам. Само се надевам дека сме подготвени“.

Ливерпул има беспрекорен старт во Премиер лигата, по пет кола тие се единствени со исто толку победи. Дуелот во Неапол ќе започне во 21 часот.

Scroll to Top