Актуелниот МВП во НБА-лигата, Јанис Адетокумбо, би можел наредното лето да се пресели од Милвоки Бакс во Голден стејт Вориорс. Оваа информација ја објави новинарката на „ЕСПН“, Рејчел Никос.
„Фрик Грик“ наредната година ќе може да го тестира пазарот, а од неговиот клуб Милвоки Бакс најавиле дека ќе му понудат супер-макс договор вреден 247 милиони долари.
Меѓутоа според „ЕСПН“ постоеле големи шанси Јанис и Вориорс да постигнат договор.
Доколку Јанис реши да го тестира пазарот една од опциите ќе му бодат Вориорс. Голден стејт биле подготвени да се откажат од Дианџело Расел доколку дојдат во ситуација да потпишат договор со Адетокумбо.