Top Sport

Од готово-вересија! Еурофарм пропушти +5 на полувреме за пораз кај Савехоф

Еурофарм Работник ќе почека на првиот триумф во ЕХФ Лигата на шампионите, откако пропушти совршена шанса на гостувањето во Шведска кај Савехоф, водејќи со пет гола разлика  (15:10) на полувреме, пред на крајот да загуби со 24:22.

Тимот на Стевче Алушевски имаше одлични први 30 минути на тешкото гостување, и предводени од петте гола на Јотиќ имаа изненадувачки пет гола предност на полувреме. Меѓутоа, во второто полувреме, домашниот тим влезе во серија, израмни на 18:18, за на 15 минути пред крај Савехоф да дојде до 20:18 предност. Во самиот финиш на мечот, македонскиот клуб успеа да дојде на гол разлика (25:24), но не успеа да извлече барем поен.

Во другите денешни мечеви, Динамо Букурешт стигна до деби победата оваа сезона од 28:25 над Кристијанштад, додека Флензбург немаше проблеми и стигна до убедлива 26:19 победа над Елверум.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Флензбург – Елверум 26:19 (12:9)

Табела: 1.Алборг 2, 2.ПСЖ 2, 3.Пик Сегед 2, 4.Флензбург 2, 5.Целје 0, 6.Барселона 0, 7.ППД Загреб 0, 8.Елверум 0

ГРУПА Ц

Савехоф – Еурофарм Работник 25:24 (10:15)

Табела: 1.Савехоф 4, 2.Бидасоа Ирун 2, 3.Спортинг Л. 2, 4.Еурофарм Р. 0, 5.Татран Прешов 0, 6.Рихимаки Кокс 0.

ГРУПА Д

Динамо Букурешт – Кристијанштад 28:25 (13:10)

Табела: 1.Динамо Б. 3, 2.ГОГ 2, 3.Чеховски медведи 2, 4.Кадетен 1, 5.Висла Плоцк 0, 6.Кристијанштад 0.

Scroll to Top